СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Со свое излагање Претседателот на Основниот кривичен суд Скопје – судија Иван Џолев, Претседателот на ЗНМ - Младен Чадиковски и Претседателот на Судско медумскиот совет – Васко Маглешов ја истaкаа потребата, но и меѓусебната заложба на новинарите и судиите, за поголема отвореност и пристапност до судските постапки, судските одлуки и потребата за проaктива комуникација.
За време на дебатата беа посочени и сите регулативни механизми во рамки на новинарските тела кои судиите и претставниците на судската власт може да ги користат доколку сметаат дека преку одредени медиумски извештаи се нарушува независноста и непристрасноста на судското постапување, нарушување на презумцијата на невиност и правата на странките во постпката како и не етичко информирање на јавноста, што влијае во градење на довербата на граѓаните во судството.
Основниот кривичен суд како коорганизатор на настанот, уште еднаш ја истакна иницијативата за поголема транспарентност и отчетност пред медиумите како креатори на јавното мислење и во иднина, покрај досегашните новитети кои ги воведе во тој правец, ќе продолжи со учество, но и организација на дебатни средби со новинари и претставници на невладини организации кои ја следат работата на судот.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.