СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ



Основниот кривичен суд Скопје, апелира до сите граѓани кои имаат потреба од Уверение или Потврда од Кривична или Казнена евиденција за физички или правни лица, да ја користат апликацијата за Издавање електронски документи преку порталот uslugi.gov.mk, за најбрзо добивање на бараниот документ.
За добивање на бараниот документ потребни се само три чекори:
1. Отворете ја апликацијата uslugi.gov.mk, или скенирајте го QR кодот и најавете се со вашиот профил од УЈП,
2. Пополнете електронско барање за потребниот документ,
3. Платете online со картичка.
И Уверението или потврдата ја добивате следниот ден на вашата електронска пошта.
Барање може да поднесете и во Кривичниот суд Скопје, доколку сте родени во Скопје, но само лично, друго лице со Ваше полномошно или адвокат со адвокатско полномошно, но издавањето, зависно од поднесените барања може да трае и до 15 работни дена.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.