СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  11.1.2023
Заради зголемениот интерес на медиумите за лицето Драган Даравелски, правосилно осуден со пресудата на овој суд К.бр. 809/05, ја информираме јавноста дека:

До Основниот кривичен суд Скопје, доставено е барање за повторување на постапката  на осуденото лице, од страна на неговиот бранител,  со оглед да истиот бил суден во отсуство. Согласно барањето оформен е предмет кој е распределен пред надлежен Кривичен совет за понатамошно постапување. Советот, во однос на барањето, согласно Законските надлежности најпрви ќе се обрати за податоци до установата каде истиот е на издржување на казната затвор, а потоа предметот ќе го прати на  мислење до Основното јавно обвинителство. По комплетирање на списите, советот закажува седница и по донесената одлука странките и јавноста ќе бидат благовремено известени.

 Во однос шпекулациите кои се однесуваат на евентуалното застарување на извршувањето на санкцијата односно застарувањето на кривичниот прогон, ја известуваме јавноста дека застарувањето на извршувањет го утврдува судот според местото на последно живеалиште на осуденикот, односно Основниот суд во Куманово, а во однос на застарување на кривичното гонење одлучува Основниот кривичен суд Скопје при евентуална повторена постапка.

 

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_