СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ






Согласно првиот јавен извештај на набљудувачката мисија, ефективното справување со сериозниот организиран криминал и корупцијата (ОКК) е од суштинско значење за зајакнување на владеењето на правото во Западен Балкан. Одржливите реформи во правосудниот сектор и цврстото водство во судството и обвинителството се клучни за одржување на кредибилитетот и постигнување на стратешките цели. Заради тоа на форумот, набљудувачите и судиите имаа можност да ги дебатираат наодите во извештајот, предвидените реформски цели и со свои препораки да допринесат во унапредување на соработката и идните активности кои треба да се преземат од страна на судот, но и од Централната и Извршна власт.
Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, останува отворен за соработка, како со меѓународните мисии така и со домашните невладини организации во правец на зголемување на ефикасноста во постапувањето на судските процеси, конфискацијата, пристапот до правдата како и транспарентно информирање на јавноста за борбата против организираниот криминал и корупција.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.