СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Новости  |  08.7.2020
Судиите при Основниот кривичен суд – Илија Трпков и Фанка Јанчулева Михаиловска, денеска ја промовираа книгата „Избрани сентенци од практиката на Основниот кривичен суд Скопје“ која ја изработија заедно со судијата на Врховниот суд на РСМ и поранешен судија на Европскиот суд за човекови права, а со подршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје како и Академијата за судии и јавни обвинители и Подружницата на Здружение на судии на кривичниот суд.

Книгата содржи низа на правосилни одлуки на Основниот кривичен суд кои  даваат преглед на практичната примена на одредени аспекти од Законот за кривична постапка во период од 2013 - та до 2019 - та година.

Воедно книгата содржи и преглед на судската практика од Европскиот суд за човекови права за соодветните правни прашања и дилеми со кои се овозможува примена на меѓународните стандарди и принципи при унифицирање на судската пракса.

Оваа книга претставува прва збирка на сентенци од судски одлуки на основен суд во земјата, а е во правец да им помогне не само на судиите туку и на обвинителите, адвокатите, стручните соработници и сите останати странки во постапката како и сите оние кои ги набљудуваат и анализираат судските процеси.

На денешната промоција освен судиите Трпков и Јанчулева – Михаилова, свое обраќање имаше и претседателот на судот – Иван Џолев и Шефот на одделот за човекова димензија на Мисијата на ОБСЕ, Г-дин Алесио Ѕукарини кои освен задоволство од првото вакво издание, изразија и подршка за понатамошна континуирана, системска и организирана селекција на решенија на правни дилеми во правец на унифицирање на судската пракса, владеење на правото и доследно почитување на човековите права и слободи, следејќи ги препораките на Судот за човекови права.

Со почи Основен кривичен суд Скопје

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_