СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  17.10.2025
Одобрено и второто обвинение за Кочани

Советот за оценка на обвинител акт, постапувајќи по дополнителното обвинение со КО 2317/25 поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, донесе решени со кое во целост го одобри актот.

Обвинителниот акт беше поднесен на 4 – ти септември од страна на обвинителниот тим кој постапува по истрагата за пожарот, а се однесува против едно лице – А.Н. кој е осомничен за кривичното дело од чл. 292 ст.2 в.в. со чл. 288 ст.3 в.в. со ст. 2 в.в. со чл. 22 од КЗ, а согласно соопштението на Јавниот обвинител, истиот се јавува како  одговорно лице – реален сопственик на обвинетото правно лице Друштво за обезбедување на имот и лица РУБИКОН СЕКЈУРИТИ СОЛУШН увоз-извоз ДООЕЛ Скопје.

Согласно одобрениот акт, формиран е кривично правен предмет со К.бр. 1970/25  кој согласно АКМИС – системот е веќе распределен кај судија Биљана Смаќовска на понатамошно постапување. За сите нови информации со постапката, јавноста и странките ќе бидат дополнително известени.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_