СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Соопштенија за јавност
|
15.9.2025
Одземена возачката дозвола заради предизвикување сообраќајна несреќа.
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерки за претпазливост против едно лице поврзано со сообраќајната несреќа во Морани, а кој во текот на вчерашниот ден беше спроведен во судот, донесе решение со кое делумно го прифати предлогот на обвинителот и на С.Ј. му ја одзеде возачката дозвола.
Осомничениот се товари за кривичното дело по чл. 300 ст.3 вв со чл. 297 ст.3 вв со ст. 1 од КЗ – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
Против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.