СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор против две лица осомничени за Примање поткуп од чл. 375 ст.5 в.в. со ст.2 од КЗ, а поврзани со Специјалната болница за геријатрија во Скопје, донесе решенија со кои:
Се прифаќа предлогот на ОЈО ГОКК и на осомничените М.А. и Б.А. им се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т.1, 2 и 3 односно Опасност од бегство, Влијание врз сведоци и Основано сомнение дека може да го повторат делото.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.