СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Соопштенија за јавност
|
01.7.2021
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека главната расправа за предметот со КОК бр. 65/21 во јавноста познат како „Еразмус“ против 4 лица за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување, кој предмет беше вратен на повторно судење од Апелациониот суд – Скопје, по жалба на одбраната, е насрочен на 03.09.2021 год во 11:00 часот.
Заради економичност и ефикасност на постпаката и завршување на повторената постапка во разумен рок, надлежниот судија насрочи и расправи за 10, 17, 24 и 30 септември со почеток од 10:00 часот за што се известени и странките во постапката.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.