СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост против 6 лица – службени лица во СВР Штип о ПС Кочани, кои попладнево беа спроведени во судот.
По произнесување на Јавниот обвинител и приведените лица во присуство на нивни бранители, судот донесе решенија со кои им се определуваат мерки за претпазливост согласно чл. 146 ст. 1 т. 1, 2, 3, 6 и 7 од ЗКП, односно: Забрана за напуштање на живеалиштето, Обврска за јавување во судот, Одземање на патната исправа, Забрана за остварување контакт со други обвинети и Забрана за преземање одредени работни активности.
Против овие решенија, странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.