СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
![](/wps/wcm/connect/osskopje1/60b44eed-202d-414f-9472-bf2369293dcc/Untitled.png?MOD=AJPERES&CACHEID=ROOTWORKSPACE.Z18_L8CC1J41L088F0A1K8MT8K0AM5-60b44eed-202d-414f-9472-bf2369293dcc-ofLVw3f)
https://twitter.com/krivicensud
Профилот на социјалната мрежа е со цел добивање побрза и подостапна информација за работата на судот, што е дел од заложбите за поголема транспарентност и отчетност пред јавноста. На профилот ќе бидат објавувани сите соопштенија за јавност, јавни огласи и покани кои се објавуаат и на веб страната на судот, а воедно ќе се објавуваат и кратки новости за тековните судења кои ги следат медиумите. Со воведување на twitter профилот се надеваме дека ќе допринесеме во точно и навремено информирање на јавноста, ќе им помогнеме на професионалните новинари за поголема достапност на бараните податоци и ќе ги пресретнеме лажните вести и шпекулации.
Профилот, воедно може да се користи и за предлагање идеи како да се унапреди транспарентноста на судот, а нема да се дозволуваат недолични коментари и навреди.
Со почит Основен кривичен суд Скопје.