СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Студeнтите имаа можност да се запознаат со техничките и просторните услови на Кривичниот суд, начинот на водење на кривчно – правните постапки од нивниот прием до донесување на првостепена пресуда, како и сите правни механизми за заштита на жртвите од трговија со луѓе штo е тема на нивните студии.
Гостите, покрај запознавање со судските служби, остварија средба со судијата Ненад Савески, од одделението за Организиран криминал и корупција, кој им го долови неговото долгогодишно искуство во водење на предметите поврзани со трговија со луѓе, криумчарење мигранти, заштита на правата на обвинетите и жртвите во конкретните постапки, конфискација на имот од кривични дела и меѓународната соработка на судот. Студентите ги поздравија напорите на Кривичниот суд за поголема транспарентност и отчетност пред јавноста и работата со Pравните факултети и студентите по право.
Кривичниот суд, останува отворен за соработка со сите образовни институции кои се заинтересирани за факултативни посети и практична настава во судот што може да им биде од осоебна корист во нивната понатамошна кариера.
Со почит, Основен кривичен суд Скопје.