СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  21.1.2022
Основниот кривичен суд Скопје, денеска го посетија студенти од Правната клиника за човекови права на Универзитетот Џон Хопкинс од Соединетите Aмерикански Држави, кои се на факултативна посета на нашата земја со цел запознавање со правосудниот систем на РСМ.

Студeнтите имаа можност да се запознаат со техничките и просторните услови на Кривичниот суд, начинот на водење на кривчно – правните постапки од нивниот прием до донесување на првостепена пресуда, како и сите правни механизми за заштита на жртвите од трговија со луѓе штo е тема на нивните студии.

Гостите, покрај запознавање со судските служби, остварија средба со судијата Ненад Савески, од одделението за Организиран криминал и корупција, кој им го долови неговото долгогодишно искуство во водење на предметите поврзани со трговија со луѓе, криумчарење мигранти, заштита на правата на обвинетите и жртвите во конкретните постапки, конфискација на имот од кривични дела и меѓународната соработка на судот. Студентите ги поздравија напорите на Кривичниот суд за поголема транспарентност и отчетност пред јавноста и работата со Pравните факултети и студентите по право.

Кривичниот суд, останува отворен за соработка со сите образовни институции кои се заинтересирани за факултативни посети и практична настава во судот што може да им биде од осоебна корист во нивната понатамошна кариера.

Со почит, Основен кривичен суд Скопје.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_