ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТ
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТ
На ден 27-ми Октомври 2025 година во Основниот граѓански суд Скопје се спроведе хуманитарна крводарителска акција во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина при Клинички Центар Мајка Тереза Скопје.
Основниот граѓански суд Скопје изразува длабока благодарност до сите вработени кои хумано ја даруваа својата крв за сите оние на кои таа е неопходна и за спасување на човечки живот.
Основниот граѓански суд Скопје се надева дека ваквата соработка ќе продолжи и во иднина и дава благодарност до институциите кои несебично се вложија за да бидат дел од организацијата на крводарителската акција.
Со почит,
ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ