С О О П Ш Т Е Н И Е
Вести
- Почетна
- >
- Вести
С О О П Ш Т Е Н И Е
Огласено на огласна табла на 03.06.2025 година
ОСНОВЕН ГРАЃАНСКИ СУД СКОПЈЕ
- Одделение за трговски спорови -
55 МАЛВ-ТС број 70/25
03.06.2025 година
С к о п ј е
С О О П Ш Т Е Н И Е
Во спорот заведен од тужителот Друштво за промет и услуги АТЛАНТИЦ ТРАДЕ СКОПЈЕ ДОО Илинден, против тужениот Друштво за угостителство, производство, трговија и услуги ХРИС-КОМ ДООЕЛ експорт-импорт с.Беловиште Гостивар и Христијан Новакоски во текот на постапката, странката Друштво за угостителство, производство, трговија и услуги ХРИС-КОМ ДООЕЛ експорт-импорт с.Беловиште Гостивар не го извести судот за промена на адресата на седиштето, во смисла на чл.140 од Законот за парничната постапка.
Поради тоа, судот во смисла на чл.125, чл.129 и чл.140 од Законот за парничната постапка (Сл.весник на РМ бр.79/05 и 110/08), одреди доставувањето да се врши со објава на писменото на огласна табла на судот.
Со ова соопштение се објавува на огласна табла покана за главна расправа за 13.11.2025 година и одговор на тужба. По истекот на рок од 8 дена од денот на објавувањето на огласна табла ќе се смета дека доставата е уредно извршена.
Одговорен работник,