Оглас за избор на судии-поротници во Основен суд Свети Николе
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Оглас за избор на судии-поротници во Основен суд Свети Николе
ОСНОВЕН СУД СВЕТИ НИКОЛЕ
Су бр.199/25
15.05.2025 година
Врз основа на чл.42, чл.43 и чл.49 од Законот за судовите, чл.53 од Законот за судски совет, а в.в. со Одлуката на Судскиот совет за утврдување на бројот на судии поротници во судовите на РМ бр.02-2158/1 од 10.12.2015 година објавена во Службен весник бр.219/15 од 14.12.2015 година, Основниот суд Свети Николе на ден 15.05.2025 година објавува:
О Г Л А С
за избор на 12 судии-поротници во Основен суд Свети Николе
за време од 4 години
I. Кандидатите за судии поротници треба да ги исполнуваат следните услови:
- да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
- да има завршено најмалку средно образование
- активно да го владее македонскиот јазик
- да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
- да не е постар од 60 година
II. За судија поротник не може да биде избрано лице кое со судија или судија поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар
III. Заинтересираните кандидати да достават пријава со потребните документи (во оригинал или заверени кај нотар)
- Уверение за државјанство,
- Уверение или диплома за завршено средно образование,
- Уверение од казнена евиденција,
- Изјава дека со судија, судија-поротник во овој суд или со член на Судскиот совет на РСМ не е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар
IV. Пријавата со потребните документи да се достави до Основен суд Свети Николе на примена писарница или пошта со препорачана пратка на адреса 23 Октомври бр.59 Свети Николе во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.
V. Предлог листа од кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе биде доставена до Судскиот совет на РСМ кој го врши изборот на судиите поротници.
Овоја оглас да се објави на ВЕБ-страната и огласната табла на судот како и на локалната телевизија во Свети Николе ТВ„Свет“.
Основен суд Свети Николе
Претседател
Лилјана Додевска