СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ И МЕДИУМИ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ И МЕДИУМИ

Press realeses  |  Sep 19, 2025
 
   Во врска со заинтересираноста на медиумите и барањето информации за трагичниот настан што се случи во Велес на ден 15.09.2025 година, а кои се однесуваат на тоа дали пред судот се воделе и други постапки, Основен суд Велес го дава следното:
 
 
С О О П Ш Т Е Н И Е
 
 
   1. На ден 27.02.2025 година во Основен суд Велес доставен е предлог за изрекување на привремени мерки за заштита на семејно насилство од предлагач ЈУМ ЦСР Велес против противникот Илија Стефановски од С., по кој е формиран предмет ВПП2.бр.8/25. Постапувајќи по предметот, донесено е Решение ВПП2.бр.8/25 од 13.03.2025 година со кое од страна на судот изречени се привремени мерки за заштита од семејно насилство спрема противникот и тоа: 1.Забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство, 2.Забрана да малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин комуницира со жртвата дирекно или индиректно и 3. Забрана да се приближува на растојание помало од 100 метри до живеалиштето на жртвата на ул.К. Р. бр.6 В. или било кое место кое редовно го посетува жртвата, кои мерки ќе траат 6 месеци. Одлучено е дека жалбата на ова решение не го одлага неговото извршување. Против донесеното решение ВПП2.бр.8/25 од 13.03.2025 година изјавена е жалба од страна на противникот, постапувајќи по која Апелационен суд Скопје донел Решение ГЖ-1127/25 од 07.05.2025 година со кое Решението на Основен суд Велес ВПП2.бр.8/25 од 13.03.2025 се укинува и предметот се враќа на првостепениот суд на повторно одлучување. Списите на преметот се вратени до Основен суд Велес на ден 28.05.2025 година. При повторно постапување, формиран е ВПП2.бр.27/25 и донесено е Решение од 23.06.2025 година со кое се изречени истите предложени мерки, кои ќе траат 6 месеци. Повторно и против ова решение е изјавена жалба од противникот , постапувајќи по кој Апелационен суд Скопје донел Решение ГЖ-1945/25 од 11.08.2025 година со кое жалбата на противникот ја одбил како неоснована и го потврдил решението на Основен суд Велес од 23.06.2025 година. Предметот ВПП2.бр.27/25 е правосилно завршен.
 
   2. Во Основен суд Велес на ден 05.06.2025 година примена е приватна кривична тужба од приватен тужител И. С. од С. против обвинетите И. М. од В. и Р. К. од В., поради основано сомнение дека сториле кривично дело Телесна повреда по чл.130 ст.1 в.в. со чл. 22 од Кривичниот законик, по која тужба е формиран предмет К. бр.193/25. Постапката по предметот е во тек.
 
 
                                                                                                           ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС
 
 
 
 
 
 
 
 
   


Decision search

Court
Case number
Date
_