СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Соопштенија за јавност  |  26.6.2025
Соопштение за јавност
 
 
   Основниот суд Велес, со пресуда врз основа на признание на вина го огласи за виновен обвинетиот П.Ѓ. од Ч. на возраст од 79 години, за кривично дело Полово вознемируање од 190-а ст.2  в.в.ст.1 в.в.чл.45  ст.1 и му изрече алтернативна мерка КУЌЕН ЗАТВОР, така што:
 
   На обвинетиот му се утврдува казна затвор во траење од 3(три) месеци и истовремено се определува дека утврдената казна затвор во траење од 3(три) месеци, со согласност на обвинетиот, казната да ја издржува во куќен затвор со електронски надзор, а која се состои во забрана за напуштање на домот, освен во случаите утврдени со Законот за пробација.
 
   Надзор над извршувањето на куќниот затвор врши судот и надлежен орган согласно закон кој може да одреди преземање на определени мерки на надзор и од полицијата во местото во кое се наоѓа домот на осудениот со обврска за редовно известување од нивното вршење.
 
   Доколку обвинетиот ја прекрши забраната за напуштање на домот, по предлог на надлежен орган, судот може да одреди заменетата казна затвор да се изврши во целост во установа за извршување на казната затвор.
 
   Алтернативната мерка куќен затвор ќе се спроведе од Министерстовото за правда Управа за извршување санкции Сектор пробација Скопје.

 

   Пресудата ја изрече Судијата Шефшет Адеми од основен суд Велес

 

 
          25.06.2025                                                                              ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_