Основен суд Велес –ефикасен и ажурен суд во 2015 година
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Основен суд Велес –ефикасен и ажурен суд во 2015 година
С О О П Ш Т Е Н И Е
Основен суд Велес –ефикасен и ажурен суд во 2015 година
Според Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2015 година усвоен и објавен на ден 13.07.2016 година, Основен суд Велес во 2015 година успеал да го совлада приливот на новопримени предмети и го намалил заостатокот на нерешени предмети.
Судот 2015 година ја започнал со вкупно 2.499 нерешени предмети од претходната година, во текот на годината се примени 18.096 предмети, така што вкупно во работа имало 20.595 предмети. Од нив решени се 18.102 предмети, а на крајот на 2015 година нерешени останале вкупно 2.493 предмети.
Од страна на Судскиот совет на Република Македонија, Основен суд Велес за 2015 година е оценет како ефикасен и ажурен суд.