Известување за вршење на видео надзор

Кërko në portal


Согласно Законот за заштита на укажувачи (Сл.весник на РМ бр. 196/15), за овластено лице за прием на пријави од укажувачи, издвојување и обработка на податоците од пријавите и обезбедување на заштита на личните и други податоци на укажувачите, е назначено лицето Тања Јованова (решение во предмет СУ-04-38/21), вработена во Основен суд Виница на работно место стручен соработник. Овластеното лице може да се контактира на адреса ул. Бел Камен бр.11, Виница, телефон 033 361 755, мобилен 076 498 739 или на е-маил tanja.jovanova@osvinica.mk.

Листата на регистрирани медијатори можете да ја погледнете на страницата на Комората на медијатори на Република Македонија.
Истата листа со приложени повеќе информации, можете да ја погледнете и „онлајн“ на оваа страница на Комората.

Листа на лиценцирани и овластени вешти лица на порталот на Министерство за Правда (http://justice.gov.mk/veshtaci/).

Листа на лиценцирани и овластени судски преведувачи на порталот на Министерство за Правда (http://justice.gov.mk/sudski-preveduvaci/).

Листа на лиценцирани адвокати на порталот на Министерство за Правда (http://justice.gov.mk/bp-advokati/).
Плаќањето на судски такси на шалтер на Македонски пошти или во било која комерцијална банка во земјата, подлежи на плаќање на „провизија“ - дополнителен износ за извршена услуга (пренос на пари).
Провизијата која се наплаќа при електронско плаќање преку ПОС терминалот во Основен суд Виница е одредена со договор со Шпаркасе банка- Скопје.
Провизијата на најголемиот дел од судските такси за издадени уверенија, потврди и заверки од судот, изнесува 30 (триесет) денари.
Тука спаѓаат:
1. Уверение за казнена и кривична евиденција („Уверение за не осудуван“)(*1),
2. Потврда за прекршочна евиденција,
3. Уверение за одземено родителско право („Уверение/Потврда за третто дете“)(*2),
4. Уверение за одземена деловна способност,
5. Уверение за заверка на документи („Заверка со печат АПОСТИЛЕ“)(*3),
6. Барање за увид на архивски предмет,
7. Издавање на препис.
Останатите судски такси се наплаќаат како износ - процент од вкупната вредност и тоа 2,5%.
Тука спаѓаат:
8. Барање за заверка на договор,
9. Барање за дозвола за склучување на малолетнички брак.
(*1),(*2),(*3)- Најчесто издавани уверенија, потврди, заверки.
Плаќањето на судските такси за издавање на потврди и уверенија издадени од судот, можете да ги плаќате и на пос терминалот во приемно одделение.
Граѓаните кои имаат важечка платежна картичка- дебитна или кредитна, судските такси можат по свој избор да ги платат и електронски во приемното одделение во судот.
Граѓанинот сам избира за можноста плаќањето да го спроведе на шалтер во пошта, комерцијална банка или на пос терминалот во судот.

Правото на годишен одмор на судските службеници е уреден со Законот за судска служба и Законот за судовите. Основниот Закон за судска служба е објавен во во Службен весник на Р. Македонија број 148/11, по кој следат неколку измени и дополнувања. Основниот Закон за судовите е објавен во Службен весник на Р. Македонија број 58/06, по кој следат исправка и неколку измени и дополнувања.
Пречистен текст од Законот за судовите кој се однесува на годишни одмори за судските службеници (преземено од „Електронски практикум - 2013“ во издание на Апелационен суд Штип):
(1) Годишните одмори во судовите траат од 15 јули до 15 август.
(2) За време на годишните одмори во судовите од прв степен се извршуваат само нужни работи, и тоа: истраги и судења во кривични предмети кога обвинетиот е во притвор и во кривични предмети на странките кои не живеат во Република Македонија; предмети за примена на времени мерки; менична тужба; спорови за објавување на исправка на објавена информација; прекршочни предмети од итна природа; вонпарнични и извршни предмети во врска со воспитувањето и заштитата на децата и обврски по предметите за издршка што произлегуваат од закон; регистрации на политички партии, вонпарнични предмети за задржување на лица во здравствена установа; попис на имотот на оставителот, составување на тестаменти, прием на поднесоци и други работи што се врзани со законски преклузивни рокови.
(3) За време на годишните одмори, во апелационите судови се постапува по жалби на одлуките по предметите од ставот (2) на овој член, и по предмети по кои се суди на нејавни седници.
(4) Освен за работите од ставовите (2) и (3) на овој член, времето од ставот (1) на овој член се смета за време кога судот не работи.
Тука можете да ја преземете (во ПДФ форма) најновата надградена листа на пријавени судски преведувачи во Основен суд Виница.
(за плаќање на паушал, парична казна / глоба, судски такси, увид на лице место, вештачење )
При уплата на парични средства на судски сметки, се користи образецот ПП50, кој се добива на шалтер во банка или пошта. Општиот изглед на споменатиот образец е прикажан на сликата подолу.
Во зависност од намената образецот се пополнува на еден од следниве начини:
1. ПАУШАЛ
ПОВИКУВАЊЕ НА БРОЈ - (ЗАДОЛЖУВАЊЕ): (се пишува бројот на предметот, пр. „ПРК. бр._“ или „К.бр._“ )
ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: ПАУШАЛ
НАЗИВ И СЕДИШТЕ НА ПРИМАЧ: Трезорска сметка (Буџет на РМ)
БАНКА НА ПРИМАЧ: НБРМ
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА: 1000000000630 95
УПЛАТНА СМЕТКА: /се остава празно/
СМЕТКА НА КОРИСНИК - ЕДИНКА КОРИСНИК: 2901011606 631 19
ПРИХОДНА ШИФРА И ПРОГРАМА: 724132 20
2. ПАРИЧНА КАЗНА/ГЛОБА
ПОВИКУВАЊЕ НА БРОЈ - (ЗАДОЛЖУВАЊЕ): (се пишува бројот на предметот, пр. „ПРК. бр._“ или „К.бр._“)
ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: ПАРИЧНА КАЗНА/ГЛОБА
НАЗИВ И СЕДИШТЕ НА ПРИМАЧОТ: Трезорска сметка (Буџет на РМ)
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: НБРМ
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА: 1000000000630 95
УПЛАТНА СМЕТКА: 840 112 06852
СМЕТКА НА КОРИСНИК - ЕДИНКА КОРИСНИК: /се остава празно/
ПРИХОДНА ШИФРА И ПРОГРАМА: 724153 00
3. РАЗНИ СУДСКИ ТАКСИ
ПОВИКУВАЊЕ НА БРОЈ - (ЗАДОЛЖУВАЊЕ): (се пишува бројот на предметот, пр. „ППНИ. бр._“, „К.бр._“ ...)
ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: СУДСКА ТАКСА за ... (се наведува основ по кој се плаќа такса)
НАЗИВ И СЕДИШТЕ НА ПРИМАЧ: Трезорска сметка (Буџет на РМ)
БАНКА НА ПРИМАЧ: НБРМ
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА: 1000000000630 95
УПЛАТНА СМЕТКА: 840 112 03359
СМЕТКА НА КОРИСНИК - ЕДИНКА КОРИСНИК: /се остава празно/
ПРИХОДНА ШИФРА И ПРОГРАМА: 722213 00
4. ЗА УВИД НА ЛИЦЕ МЕСТО
ПОВИКУВАЊЕ НА БРОЈ - (ЗАДОЛЖУВАЊЕ): (се пишува бројот на предметот, пр. „П1. бр._“, „МАЛВП.бр._“ ...)
ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: За увид на лице место по предмет број ... (се наведува бројот на предметот)
НАЗИВ И СЕДИШТЕ НА ПРИМАЧ: Трезорска сметка (Буџет на РМ)
БАНКА НА ПРИМАЧ: НБРМ
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА: 1000000000630 95
УПЛАТНА СМЕТКА: /се остава празно/
СМЕТКА НА КОРИСНИК - ЕДИНКА КОРИСНИК: 2901011606 696 16
ПРИХОДНА ШИФРА И ПРОГРАМА: 725939 20
5. ТРОШОЦИ ВО ПОСТАПКА (ВЕШТАЧЕЊЕ, ...)
ПОВИКУВАЊЕ НА БРОЈ - (ЗАДОЛЖУВАЊЕ): (се пишува бројот на предметот, пр. „ПРК. бр._“ или „К.бр._“)
ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: НАДОМЕСТ НА ТРОШОЦИ
НАЗИВ И СЕДИШТЕ НА ПРИМАЧОТ: Трезорска сметка (Буџет на РМ)
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: НБРМ
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА: 1000000000630 95
УПЛАТНА СМЕТКА: 840 112 06137
СМЕТКА НА КОРИСНИК - ЕДИНКА КОРИСНИК: /се остава празно/
ПРИХОДНА ШИФРА И ПРОГРАМА: 724132 00
Листата можете да ја преземете тука (од 31 декември 2015 година).
Податоците прикажани во неа се ажурираат редовно, а во зависност од зачестеноста на достава на информации кои ги поднесуваат преведувачите / толкувачите.

Адресата на која регистрираните корисници на Системот за електронска достава и прием на акти во судовите во Република Македонија (Прва фаза - достава од судот до корисниците), можат да пристапат е http://edostava.sud.mk/ .
Основниот текст на Законот за судски такси е објавен во Службен весник на Р. Македонија број 114/09, на страна 57.
Следат неколку Закони за измена и дополнување на истиот закон, како што е наведено подолу:
Телефон - централа:
033 361 755
033 360 609
Телефакс:
033 361 239
Полна поштенска адреса:
Основен суд Виница
ул. “Бел камен“ бб
Виница 2310
Електронска пошта:
osvinica@osvinica.mk /Примарна/
sudvinica@t-home.mk /Алтернативна/
За да правилно ја прегледате содржината на Судскиот портал на Република Македонија, препорачано е да употребувате пребарувач кој ви нуди најголема компатибилност со HTML5 и CSS2/3 спецификациите.
Тука спаѓаат пребарувачите на Mozilla Firefox верзии од „25“ и понови, Google Chrome верзии од „30“ и понови, Opera верзии од „26“ и понови, како и Microsoft Internet Explorer верзија 11 и Microsoft Edge (App верзија 20 и EdgeHTML 10 или понови).
Употреба на пребарувачи за прегледување на соржината на Судскиот портал како Microsoft Internet Explorer верзија 6/7/8 и 9/10 може да резултира со погрешно прикажување или не прикажување на одредени содржини и / или можности на истиот.