Работен состанок во Судскиот совет [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Работен состанок во Судскиот совет

Соопштенија за јавност  |  31.3.2023

 

Работен состанок во  Судскиот совет

 

Во пресрет на денот на правосудството, Судскиот совет на Република Северна Македонија одржа состанок со претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, претседателите на четирите апелациони судови и претседателот на Здржението на судии.

На оваа средба беше конституирана работната група формирана на иницијатива на  Судскиот совет, која ќе има за цел да застане во одбрана на  самостојноста и независноста на судиите, особено во заштита на нивниот интегритет, како и да се одговори на сите предизвици со кои се соочува судството. Посебно се истакна дека сите чинители во судската власт треба сложно да работат и да се поддржуваат во насока на  подобрување на статусот на судиите, како и за подобрување на перцепцијата за работата на судиите.

 

 

                                                                               Кабинет на претседател

на Судскиот совет на Република Северна Македонија