Соопштение од 251-та седница на Судски буџетски совет - 01.07.2025 година
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 251-та седница на Судски буџетски совет - 01.07.2025 година
Соопштенија за јавност
|
01.7.2025
СООПШТЕНИЕ
Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 251-та седница одржана на ден 01.07.2025 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет усвои:
- Измена на Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец јуни 2025 година за судските службеници каде износот на додатокот се определува во висина од 12%;
Измена на Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец јуни 2025 година за судиите и членовите на Судски совет на РСМ каде износот на додатокот се определува во висина од 12%;
- Под точка Разно се дискутираше во врска со доставено негативно мислење од Министерството за финансии на Единствениот годишен план за вработување во судовите за 2025 година, по што беше укажано дека за сериозноста на ова прашање ќе се расправа на седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија.