Соопштение од 174-та седница на Судски буџетски совет - 24.01.2022 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 174-та седница на Судски буџетски совет - 24.01.2022 година
Соопштенија за јавност
|
24.1.2022
СООПШТЕНИЕ ОД 174-ТА СЕДНИЦА НА СУДСКИОТ БУЏЕТСКИ СОВЕТ
Судскиот буџетски совет на 174-та седница одржана на ден 24.01.2022 година (понеделник) усвои и донесе:
- Записник од 173 седница на Судски буџетски совет одржана на ден 30.12.2021 година;
- Одлука за конечна распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2021 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт за сметка 603-637;
- Одлука за конечна распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2021 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација за сметкана сопствени приходи 631;
- Одлука за распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2022 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт за сметка 603-637;
- Одлука за одобрување на средства на Врховниот суд на РСМ за обезбедување средства за превентивно, постгаранциско и адаптивно одржување на информатичко комуникациската технологија во судскиот систем на РСМ за 2022 година;
- Одлука за спроведување групни јавни набавки во Судска власт за 2022 година;
- Одлука за овластување на Претседателот на Судскиот буџетски совет да врши пренамена на средства определени во делот „судска власт“ за 2022 година;
- Одлука за усвојување на Програма за работа на Судски буџетски совет за 2022 година;
Согласно протоколите за заштита на здравјето во услови на пандемијата предизвикана од КОВИД -19 вирусот, седницата се одржа преку видео конференциска врска на ЗООМ платформа.