Соопштение од 223-та седница на Судски буџетски совет - 04.03.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 223-та седница на Судски буџетски совет - 04.03.2024 година

Соопштенија за јавност  |  05.3.2024

 

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 223-та седница одржана на ден 04.03.2024 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет изврши измена на дневниот ред на начин што ги повлече точките 1 и 3, по што усвои повеќе заклучоци и одлуки:

  1. Го разгледа прашањето за начинот на постапување на СБС во однос на исплата на обврски по права од работен однос и постапки за нови вработувања по различен основ, по донесувањето на Решениjaта на Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија за распишување на претседателски и парламентарни избори, по што ги усвои следните заклучоци:

-   Единките корисници да ги утврдат правата на отпремнина, солидарна помош, право на надоместок за боледување подолго од шест месеци, како и правото на јубилејна награда на вработените кои ги остваруваат овие права, со клаузула исплатата на истите да се врши по завршување на претседателските и парламентарните избори;

-   Правото на исплата на прекувремени часови работа во судовите, Судскиот совет на РСМ и во Академијата за судии за јавни обвинители, како и исплатите на утврдените надоместоци врз основа на договори за дело и договори за услуги кои се склучени пред распишување на претседателските и парламентарните избори да продолжат да се исплаќаат и за време на изборниот процес.

      Како и следните одлуки:

- Одлука во текот на изборниот процес да се врши исплата на правосилните пресуди на Врховниот суд во кои е утврдена повреда на правото на судење во неразумен рок, како и на сите правосилни и извршни пресуди од судовите по разни основи;

- Одлука во текот на изборниот процес да се врши исплата на реалните патни трошоци и на надоместокот за закупнина на судиите, членовите на Судскиот совет на РСМ и Академијата за судии и јавни обвинители кои го имаат остварено ова право.

 

2. Точката 3 - Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец февруари 2024 година, со предлог одлука, беше повлечена од дневниот ред. За да не се стопира исплатата на плата на вработените, СБС усвои заклучок:

Да се изготви платата за месец февруари без пресметка на додатоци на плата, а Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец февруари 2024 година повторно ќе се разгледува на наредна седница што ќе се закаже најдоцна до 15 март.