Работна посета на Судскиот совет на Република Северна Македонија во Република Албанија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Работна посета на Судскиот совет на Република Северна Македонија во Република Албанија

Соопштенија за јавност  |  23.3.2023

 

РАБОТНА ПОСЕТА НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА

 

Имајќи ја во предвид заложбата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за меѓународна соработка, претставници на Судскиот совет на 20 и 21 март 2023 година остварија работна посета во Република Албанија, во рамки на која беа одржани средби во Високиот совет за правда, Врховниот суд на Република Албанија и Академијата за судии и јавни обвинители.

Целта на посетата на правосудните институции беше во насока на споделување на искуства од превземените дејствија и начинот на кој беше спроведена проверка на судиите, односно ветинг во судството, последиците и придобивките од истото, како и информирање за моменталната состојба во која се наоѓа судството во Република Албанија. Ова особено од причина што Република Северна Македонија е исправена пред предизвикот да стане членка на ЕУ, па секое компаративно искуство е значајно за Судскиот совет на Република Северна Македонија во насока на дефинирање и превземање на идните чекори во делот на судството.

На работната посета беше изразена заложбата за понатамошна успешна соработка помеѓу Судскиот совет на Република северна Македонија и Високиот совет за правда на Република Албанија.