Соопштение од 258-та седница на Судски буџетски совет - 20.11.2025 година
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 258-та седница на Судски буџетски совет - 20.11.2025 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот буџетски совет (СБС) на 258-та седница одржана на ден 20.11.2025 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет усвои:
1. Одлука за пренамена на средства од Буџет за раздел 29010-Судска власт за 2025 година, сметка 603, за категорија 42–Стоки и услуги, 46- Субвенции и трансфери и категорија 48-Капитални расходи со предлог одлука и
2. Заклучок сите единки корисници на судската власт да ги преработат своите планови за вработување за 2026 година на начин што ќе ги предвидат најнеопходните вработувања, согласно барањата што претседателите ги истакнаа на состаноците што неделава се одржаа во Судски совет на РСМ на кои се разгледуваше тековната состојба во судовите и да ги достават до СБС најкасно до понеделник, за потоа Стручната служба на СБС да го изготви Единствениот план за вработување во судската власт за 2026 година.