СООПШТЕНИЕ од 522-та седница на Судскиот совет на РСМ одржана на 14.05.2025 година
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ од 522-та седница на Судскиот совет на РСМ одржана на 14.05.2025 година
С О О П Ш Т Е Н И Е
Судскиот совет на Република Северна Македонија на 522-та седница на ден 14.05.2025 година (среда) го измени и дополни дневниот ред и oдлучи за следното:
1. Донесе одлука со која Емина Калач судија на Основен суд Велес времено се упатува да ја врши судиската функција во Основен суд Кочани
2. Донесе одлука за престанок на функција судија -поротник на Апелационен суд Скопје; и
Одлука за престанок на функција судија- поротник на Основен суд Крива Паланка
3.Формира Комисија при Судскиот совет за вонредно оценување на работата на судија - кандидат за претседател на Основен суд Охрид, во состав:
1.Селим Адеми претседател на Комисија
2.Џенета Бектовиќ , член на Комисија
3.Аритон Ала, член на Комисија
-Формира Комисија за увид и оцена на судија на Основен суд Охрид во состав:
1.Анита Јорданова, судија на Апелационен суд Штип - претседател на Комисија
2.Зоран Караџовски, судија на Апелационен суд Битола - член на Комисија
3.Александар Илиевски, судија на Апелационен суд Битола - член на Комисија
4. Златко Анѓелкоски, судија на Апелационен суд Гостивар - член на Комисија
5. Розалинда Ристевска, судија на Апелационен суд Скопје - член на Комисија
4.Донесе одлука за отфрлање на приговор на судија на Основен суд Тетово за измена на Годишен распоред на судот, поради ненадлежност на Советот
5.Расправаше и одлучуваше по претставки и поплаки поднесени од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите и тоа:
УПП бр.08-79/25, 103/25, 115/25;
УПП бр.08-93/25, 105/25, 129/25;
УПП бр.08- 67/25, 75/25, 99/25, 111/25;
УПП бр.08-88/25, 100/25, 112/25, 124/25, 135/25;
УПП бр.08-83/25, 95/25, 106/25, 130/25;
УПП бр.08-42/25, 72/25, 97/25, 121/25, 133/25;
УПП бр.08-428/24, 53/25;
УПП бр.08-426/24, 49/25, 84/25, 96/25, 108/25, 120/25, 132/25;
УПП бр.08-253/24, 387/24, 78/25, 90/25, 114/25, 137/25;
УПП бр.08-189/24, 77/25,113/25,125/25 ,136/25;
УПП бр.08-94/25, 107/25
Претставката УПП 08-405/24 е повлечена
6. Расправаше по Извештаи за констатирана состојба по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија така што:
- По три барања за утврдување на одговорност на судии донесени се одлуки за запирање на постапка; и
- По едно барање за утврдување на одговорност на судија донесе одлука со која на судијата му се изрекува дисциплинска мерка намалување на плата во висина од 15% од месечната плата во траење од 3 месеци .
7. Формирани се Комисии на известители по барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд
-Расправаше и одлучуваше по приговори на кандидати на Предлог ранг листите за избор на 10 (десет) судии во Апелациониот суд Скопје.
-Формира Комисија по огласот за избор на судија на Основен суд Струга
Снимка од седницата може да погледнете на youtube на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=FwMimGYDIBc