Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева оствари работна посета во Република Турција [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева оствари работна посета во Република Турција

Соопштенија за јавност  |  12.2.2024

 

Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева оствари работна посета во Република Турција

 

Во насока на зајакнување на меѓународната соработка и размена на најдобри практики и искуства, од 7 до 10 февруари 2024 година, претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева, реализираше успешна работна посета на Република Турција.

Посетата на која учествуваше висока правосудна делегација од Република Северна Македонија беше организирана од министерот за правда, Кренар Лога и се фокусираше на продлабочување на взаемните односи преку споделување на искуства во областа на правосудството, кое е од исклучително значење особено во периодот на реформскиот процес во кој се наоѓа Република Северна Македонија.

Во рамките на посетата се одржаа средби со претседателите и највисоките претставници од Советот на судии и обвинители, Врховниот касационен суд, Уставниот суд, Правосудната академија, Министерството за правда, Големото народно собрание и Генералниот директорат за информатичката технологија. Разговорите беа насочени кон зајакнување на соработката, размена на искуства и поддршка на тековните правосудни реформи во Република Северна Македонија.

Агендата на делегацијата вклучуваше и средба со претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) за време на која се дискутираше за поддршка при спроведување на заеднички проекти, билатерални конференции, студиски посети и релевантни обуки.

На остварените средби беше изразена благодарност за топлиот прием и досегашната пријателска и конструктивна соработка помеѓу двете земји со изразена волја за продолжување и зајакнување на истата во наредниот период, преку потпишување на меморандуми за соработка и воопшто институционална соработка помеѓу двете земји.