Работилница во рамки на проектот „Зајакнување на ефикасноста, отчетноста и транспарентноста на Судскиот совет на РСМ“
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Работилница во рамки на проектот „Зајакнување на ефикасноста, отчетноста и транспарентноста на Судскиот совет на РСМ“
Работилница во рамки на проектот „Зајакнување на ефикасноста, отчетноста и транспарентноста на Судскиот совет на Република Северна Македонија“
Во рамки на проектот „Зајакнување на ефикасноста, отчетноста и транспарентноста на Судскиот совет на Република Северна Македонија “ финансиран од Владата на Кралството Холандија, се одржува дводневна работилница на која претседателката и членовите на Судскиот совет на Република Северна Македонија со тимот на експерти од Судскиот совет на Кралството Холандија, Јос Путс и Алекс Лешен и проектниот менаџер на ЦИЛЦ Емили Ван Рхинен, продолжуваат со имплементацијата на проектните активности.
Целта е преку изработка на подобрени извештаи кои ги изготвуваат судовите, Судскиот совет да може да планира активности и мерки за подобро функционирање на судовите, како и подобро следење на работата на судството воопшто.