Соопштение од 222-та седница на Судски буџетски совет - 26.02.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 222-та седница на Судски буџетски совет - 26.02.2024 година

Соопштенија за јавност  |  27.2.2024

 

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 222-та седница одржана на ден 26.02.2024 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет изврши измена на дневниот ред на начин што ја повлече точката 1, по што донесе повеќе заклучоци:

  1. Разгледување на прашањето за начинот на постапување на СБС во однос на исплата на обврски по права од работен однос и постапки за нови вработувања по различен основ, по донесувањето на Решенијата на Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија за распишување на претседателски и парламентарни избори, се одложува за наредна седница;
  2. Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец февруари 2024 година, со предлог одлука се одложува за наредна седница;
  3. Разгледа понуда за годишна претплата на печатено издание на Службен весник на РСМ за 2024 година за единките корисници на судска власт, по што усвои заклучок да не се склучува договор за претплата за времетраење на изборниот процес;
  4. Разгледа и усвои барање од ОС Битола за исплата на пресуда на ОС Прилеп РО-287/23 од 10.07.2023 година и пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-553/23 од 23.01.2024 година;
  5. Разгледа Известување од Влада на РСМ бр.41-2091/1 од 07.02.2024 година за влегување во сила на Законот за употреба на македонскиот јазик („Службен весник на РСМ“ бр.21/2024), по што усвои заклучок да се преземат соодветни активности по завршување на изборниот процес;
  6. Разгледа барање од Управен суд Су-05.бр.0503-23/24 од 15.02.2024 година за отварање сметка на сопствени приходи 631 и даде согласност за истото;
  7. Разгледа Известување од ОС Делчево по пресуда РО-44/23 од 29.06.2023 година;
  8. Ги разгледа точките: Известување од Министерство за правда 08-808/2 од 03.11.2023 година; Барање од Министерство за правда бр.08-609/1 од 05.02.2024 година за преземање професионални војници со навршени 45 години возраст; Барање од ОС Делчево 0302Су.бр.74/24 од 08.02.2024 година за вработување на определено време до 31.12.2024 година, по што усвои заклучоци овие прашања да бидат повторно разгледани по завршување на изборниот процес; и усвои заклучок да се испрати циркуларен допис до судовите барањата за вработување по било кој основ судовите да ги доставуваат до СБС по  завршување на изборниот процес;
  9. Разгледа Известување и барање за одобрување средства од ОС Велес Су.03-379/16 од 19.02.2024 година, по што усвои Одлука за одобрување на средства од сметка 631 согласно барањето на ОС Велес;
  10. Под точка Разно:

- Разгледа Барање од Академијата за судии и јавни обвинители бр.05-146/1 21.02.2024 год, по што усвои заклучок за барањето да се одлучува по завршување на изборниот процес;

- Разгледа Известување од Управен суд Су-03.бр.0302-32/23-11 од 23.02.2024 година со прилог временска рамка за текот на реализацијата на групната јавна набавка за надградба на софтвер за аудио и видео снимање на судските расправи и испорака на системи за аудио-видео снимање на судски расправи, како и проценети ризици при спроведување на истите;

- Разгледа Барање од АС Штип од 23.02.2024 година за користење на службено возило, по што усвои заклучок дека Судскиот буџетски совет не е надлежен да одлучува за истото;

- Разгледа Барање од ОС Кратово за дообезбедување средства на ставка 481, по што усвои заклучок за барањето да се одлучува по завршување на изборниот процес.