СООПШТЕНИЕ од 523-та седница на Судскиот совет на РСМ одржана на 26.05.2025 година
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ од 523-та седница на Судскиот совет на РСМ одржана на 26.05.2025 година
С О О П Ш Т Е Н И Е
Судскиот совет на Република Северна Македонија на 523-та седница одржана на ден 26.05.2025 година (понеделник) :
1. Ги усвои:
-Записникот од 519-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија одржана на ден 02.04.2025 година;
-Записникот од 520-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија одржана на ден 17.04.2025 година
2. За претседател на Основен суд Крушево избран е Хаџо Тариќ, судија на Основен суд Битола
3. За претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија избран е Африм Фидани, судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија
4. По огласот за избор на 10 (десет) судии на Апелациониот суд Скопје, од кои 6 (шест) судии за граѓанска област и 4 (четири) судии за кривична област :
За судии на Апелациониот суд Скопје, за кривична област избрани се:
-Марија Клетничка Марковска, судија на Основен кривичен суд Скопје;
-Оља Ристова, судија на Основен кривичен суд Скопје;
-Иван Џолев, судија на Основен кривичен суд Скопје; и
-Бетим Јахја, судија на Основен суд Тетово.
За судии на Апелациониот суд Скопје, за граѓанска област избрани се:
-Елизабета Настов, судија на Основен граѓански суд Скопје;
-Софија Миленкова, судија на Основен граѓански суд Скопје;
-Цветанка Сиљаноска Костадиновска, судија на Основен граѓански суд Скопје;
-Кети Германова, судија на Основен граѓански суд Скопје;
-Благица Ѓошевска, судија на Основен суд Крива Паланка; и
-Артан Лимани, судија на Основен граѓански суд Скопје.
5. Донесе одлука за разрешување на судии-поротници на Основен суд Кочани, Основен суд Струга и Основен граѓански суд Скопје
6. Расправаше и одлучуваше по Извештаи за констатирана состојба по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија така што по:
- Барање за утврдување на одговорност на судија донесе одлука за разрешување на судијата од вршење на судиската функција, и одлука за времено оддалечување до правосилно завршување на постапката;
- Барање за утврдување на одговорност на судија му изрече дисциплинска мерка намалување на плата во висина од 15% од месечната плата во траење од 3 месеци.
7. Донесе одлука за објавување на оглас за избор на претседател на Основен суд Гостивар, Основен суд Дебар и Основен суд Свети Николе
-Формира Комисија за проверка на исполнетоста на условите и критериумите по огласот за избор на претседател на Основен суд Гостивар, Основен суд Дебар и Основен суд Свети Николе
8. Формира Комисија при Судскиот совет за вонредно оценување на работата на кандидатите по огласот за избор на 6 (шест) судии на Апелациониот суд Штип, од кои 3 (три) судии за граѓанска област и 3 (три) судии за кривична област, и за 3 (три) судии на Вишиот управен суд
Формира Комисии за увид и оцена на кандидатите по огласот за избор на 6 (шест) судии на Апелациониот суд Штип, од кои 3 (три) судии за граѓанска област и 3 (три) судии за кривична област, и за 3 (три) судии на Вишиот управен суд
Снимка од седницата може да погледнете на следниот линк на youtube: https://www.youtube.com/watch?v=XnhTugcXirA