Соопштение од 257-та седница на Судски буџетски совет - 29.10.2025 година
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 257-та седница на Судски буџетски совет - 29.10.2025 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 257-та седница одржана на ден 29.10.2025 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет усвои:
- Записник од 255-та седница одржана на ден 29.09.2025 година;
Записникот од 256-та итна седница беше одложен за наредна седница, поради немање доволно кворум за негово разгледување и усвојување од членовите на СБС кои биле присутни на таа седница;
- Одлука за необезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец октомври 2025 година за судските службеници, поради започнат изборен процес за локални избори;
Одлука за необезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец октомври 2025 година за судиите и членовите на Судски совет на РСМ, поради започнат изборен процес за локални избори;
- Разгледа Мислења на Министерство за финансии бр. 08-6695/57-1, бр. 08-6695/57-2 и бр. 08-6695/57-3 од 01.10.2025 година во врска со годишните планови за вработување во судската власт во 2026 година.
Поради дадените негативни мислења на годишните планови, членовите на Советот се согласија веднаш да се побара средба со Министерот за финансии за изнаоѓање на решение за проблемот со недавањето согласности за вработувања во судството, имајќи го во предвид сериозниот недостаток на човечки ресурси во судовите што влијае на нивното секојдневно работење и функционирање.
- Разгледа Мислење на Министерство за финансии бр. 08-11050/2 од 13.10.2025 година по однос на барање од Академијата за судии и јавни обвинители.
Членовите на Советот се согласија до Министерството за финансии повторно да биде испратено барањето од Академијата за судии и јавни обвинители во врска со обезбедување средства за деветтата генерација слушатели на обука.
- Разгледа Известување бр.736/26 од 17.10.2025 година од Работна група за учество во спроведување на постапка за набавка на ‚‚Постгаранциско одржување на сервери и друга ИКТ опрема вклучително и системска инфраструктура за потребите на судовите во РСМ“.