Соопштение од 255-та седница на Судски буџетски совет - 29.09.2025 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 255-та седница на Судски буџетски совет - 29.09.2025 година

Соопштенија за јавност  |  29.9.2025

 

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 255-та седница одржана на ден 29.09.2025 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет усвои:

  1. Записник од 253-та седница одржана на ден 28.07.2025 година и Записник од 254-та седница одржана на ден 27.08.2025 година;
  2. Одлука за необезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец септември 2025 година за судските службеници, поради започнат изборен процес за локални избори;

Одлука за необезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец септември 2025 година за судиите и членовите на Судски совет на РСМ, поради започнат изборен процес за локални избори;

  1. Разгледа барање од Академијата за судии и јавни обвинители бр.04-115/4 од 19.09.2025 година, по што членовите на Советот дадоа согласност истото да се проследи до Министерството за финансии на понатамошно постапување;
  2. Разгледа барање од Основен суд Битола СУ бр.225/25 од 16.09.2025 година и барање од Основен суд Виница СУ-04-223/25 од 25.09.2025 година, по што членовите на Советот дадоа согласност истите да се проследат до Министерството за финансии на понатамошно постапување;
  3. Усвои Измена на Заклучок бр.02-1021/16 од 27.08.2025 година во врска со начинот на постапување на СБС и единките корисници во однос на исплата на обврски по права од работен однос за времетраење на локалните избори 2025 година;
  4. Под точка Разно:

- Судскиот буџетски совет разгледа барање од Основниот суд Кичево за итно обезбедување на 1.880.000 денари за санација на дефект на системот за парно греење и замена на радијатори и вентили, што е неопходно да се заврши пред почнувањето на грејната сезона на 15 октомври. Со оглед на изборниот процес, судот ќе се обрати до Бирото за јавни набавки заради одобрување на постапка за набавка со преговарање и доколку добие одобрување, Судскиот буџетски совет може да разгледа обезбедување на средства за санација на дефектот од ставка 481 од буџетската сметка.