Соопштение од 224-та седница на Судски буџетски совет - 11.03.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 224-та седница на Судски буџетски совет - 11.03.2024 година

Соопштенија за јавност  |  12.3.2024

 

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 224-та седница одржана на ден 11.03.2024 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет донесе повеќе заклучоци и усвои:

  1. Записник од 217-та седница одржана на ден 11.01.2024 година, Записник од 218-та седница одржана на ден 29.01.2024 година, Записник од 219-та седница одржана на ден 05.02.2024 година и Записник од 220-та итна седница одржана на ден 12.02.2024 година;
  2. Разгледа Барање од Здружение на судска администрација и Независен синдикат на судска администрација за продолжување на исплата на додатоци на плата на судска администрација и усвои заклучок да се известат барателите за донесената одлука под точка 3 од дневниот ред;
  3. Усвои Одлука за необезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец февруари 2024 година за вработените во судската служба и вработените во Судскиот совет на РСМ;

             Усвои Одлука за необезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец февруари 2024 година за судиите и членовите на Судскиот совет на РСМ;

  1. Разгледа Опомена пред тужба од адвокат Тони Милошески од Гостивар и барање од судии од ОС Кратово по што ги усвои следните заклучоци:

- прашањето во врска со различна судска пракса за определување на правото на регрес за годишен одмор за судиите да биде разгледано на средба на граѓанските оддели на четирите апелациони судови, во рок од 5 дена од 224-та седница на СБС и заземениот став од средбата да биде доставен до Судскиот буџетски совет;

- барањето за исплата на регрес за годишен одмор, разлика на плата за месец јануари 2024 и за разлика на додатоци за плата ќе се разгледува по завршување на изборниот процес, бидејќи во периодот на избори не може да се одлучува за исплати кои не претставуваат редовни месечни плаќања;

  1. Разгледа Барање од Здружение на судска администрација за исплата на јубилејни награди согласно Општ колективен договор за јавниот сектор и усвои заклучок за истото повторно да се расправа и да се одлучува по завршување на изборниот процес, бидејќи во периодот на избори не може да се одлучува за исплати кои не претставуваат редовни месечни плаќања;
  2. Разгледа Барање бр.08-3587/1 од 05.03.2024 година од Министерство за финансии за доставување податоци за подготовка на Фискална стратегија за наредниот среднорочен период 2025-2029 година и усвои заклучок да се испрати циркуларен допис до единките корисници на буџет Судска власт со барање за предлози за крупни капитални инвестиции, кои треба да бидат доставени до Судскиот буџетски совет најдоцна до 15.03.2024 година. Државниот советник за судски буџет се задолжува да изготви предлог Фискална стратегија најдоцна до 18.03.2024 година и истата да се разгледува на седница на Советот најдоцна на 20.03.2024 година.
  3. Под точка Разно:

- Се разгледа прашањето за исплати на други права од работен однос за време на изборен процес по што се усвоија следните одлуки:

Одлука за продолжување на исплата на надоместок за храна, превоз и дежурство за припадниците на судската полиција кои работат ноќна работа (трета смена), и за време на изборен процес, бидејќи истите имаат третман на редовни месечни исплати;

Одлука за време на изборен процес не може да се исплаќа бонус плата. За ова прашање дополнително ќе се расправа и ќе се одлучува по завршување на изборниот процес, бидејќи ова право има третман на еднократна исплата.

 

- Се разгледа проблемот во врска со различна пресметка на плата во делот на бодовите за образование забележана кај некои судови, по што беше усвоен заклучок: да се известат ОС Охрид, ОС Крушево, ОС Дебар, ОС Прилеп и ОС Делчево да постапуваат согласно одредбите од Законот за судска служба односно платата да биде изработена со бодување на законскиот минимум за образование;

 

- Се разгледа проблемот со доцнење при поднесување на пресметка на плата од страна на судовите до Судскиот буџетски совет, по што беше усвоен заклучок: Судовите да достават пресметка на плата до Судскиот буџетски совет најдоцна до 1ви во месецот за претходниот месец, а дополнителен рок за доставување на плата е 10ти во тековниот месец на претходниот месец.

 

- Повторно се разгледа барањето на Академијата за судии и јавни обвинители бр.05-116/1 од 21.02.2024 година за пренамена на средства во врска со медијаторска спогодба склучена меѓу Академијата за судии и јавни обвинители и лиценциран медијатор, по што беше усвоен заклучок да се проследи горенаведеното барање до Министерството за финансии, а понатаму да се постапува во зависност од нивната согласност.