Соопштение од 472-та седница на Судскиот совет на РСМ - 11.01.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 472-та седница на Судскиот совет на РСМ - 11.01.2024 година

Соопштенија за јавност  |  11.1.2024

                                                     

 

 

 

                                                           СООПШТЕНИЕ

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 472-та седница одржана на ден 11.01.2024 година го измени и дополни Дневниот ред и одлучи за следното:

  1. Утврден е престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија на Снежана Ѓорѓиеска Зекирија, судија на Врховен суд на Република Северна Македонија;
  2. Донесена е Одлука со која Теодора Ефтимовска Бојковска, судија на Основниот суд Гостивар, времено се упатува за вршење на судиската функција во Основниот суд Тетово сметано од 02.02.2024 година, за период од (1) една година од денот на упатувањето;
  3. Барањето на судијата Софија Спасова Медарска  за мирување на судиска функција во Основен граѓански суд Скопје не е усвоено;
  4. Усвоен е извештајот на Комисијата за проверка на исполнетост на условите и критериумите за  избор на претседатели на Виш Управен суд, Основен суд Берово, Основен суд Делчево, Основен суд Крушево, Основен суд Кавадарци и Основен суд Струга. Донесена  е Одлука за објавување на оглас за избор на претседатели на Виш Управен суд, Основен суд Берово, Основен суд Делчево и Основен суд Крушево и формирана е Комисија во состав од:
    • Селим Адеми - претседател на Комисија;
    • Ханиф Зендели – член на Комисија и
    • Мери Радевска – член на Комисија;
  5. Донесени се Одлуки по Известувања за фактичка состојба по поднесени барања за утврдување одговорност на судија, така што постапката по барањата продолжува;
  6. Формирани се Комисии на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд;
  7. Донесени се одлуки за измена на Комисија в.в. со објавен оглас за избор на судии во Врховен суд на РСМ, така што наместо Весна Дамева-претседател на Комисија ќе стои Павлина Црвенковска, а за избор на судии во повисок суд  во Апелационен суд Гостивар, наместо Весна Дамева-член на Комисија ќе стои Селим Адеми.