Галерии
Фотогалерија и видео
Свечено отварање на зграда
На 6 јули 2022 година свечено беше отворена новата судска зграда на Управниот суд. Настанот се одржа пред објектот и беше организиран во соработка со ОБСЕ. Присуствуваа претставници од извршната власт, судството, академската заедница и дипломатскиот кор. Свечениот настан го отвори Претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини, кој зборуваше за предизвиците и постигнувањата на Судот, како и за процесот на реновирање и адаптирање на новиот објект. Судската зграда е адаптирана според европските стандарди, со обезбедени услови за одржување јавни расправи, предвидени како императив со Законот за управни спорови (2019). Објектот е доделен со одлука на Владата во 2018 година, а постапката на финална преселба на Судот беше окончана на 4 јуни 2022 година. Процесот на реновирање на судската зграда траеше 1 година и 4 месеци, а вредноста на инвестицијата изнесува околу 55 милиони денари и истата е финансирана од Судскиот буџетски совет. Новата судска зграда се простира на површина од 2.608 м² и овозможува значително подобрени просторни услови за работа на Судот. ЛИНК ДО ВИДЕОТО ОД ОТВАРАЊЕТО - https://www.youtube.com/watch?v=eCwVZuKKr8Y&t=2s