СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Новости  |  26.10.2025
Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 26.10.2025 година вo 18,30 часот, судечкиот совет по предметот УРП.бр.91/25, оформен по тужба поднесена од Политичката партија на Унија на Роми Скопје - локални избори 2025 година

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

 

Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 26.10.2025 година вo 18,30 часот, судечкиот совет по предметот УРП.бр.91/25, оформен по тужба поднесена од Политичката партија на Унија на Роми Скопје - локални избори 2025 година, застапувана од Фатима Османовска од Скопје, преку полномошник Срѓан Амет од Скопје, против Решение бр.11-3092/2 од 25.10.2025 година на Државната изборна комисија, ја донесе и јавно ја објави следнатa одлука:

Во име на граѓаните на Република Северна Македонија, Претседателот на советот по советувањето и гласањето јавно ја соопшти Одлуката по тужбата со следната изрека:

 

П Р Е С У Д А

 

Тужбата на тужителот ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА УНИЈА НА РОМИ СКОПЈЕ - ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025, застапувана од овластено лице Фатима Османовска од Скопје, поднесена против Решението број11-3092/2 од 25.10.2025 година, на тужениот орган Државна изборна комисија на Република Северна Македонија, СЕ УВАЖУВА.

            Решението број11-3092/2 од 25.10.2025 година, на тужениот орган Државна изборна комисија на Република Северна Македонија, СЕ ПРЕИНАЧУВА И СЕ ОДЛУЧУВА:

            Приговорот Бр.11-3092/1 од 21.10.2025 година, поднесен од ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА УНИЈА НА РОМИ СКОПЈЕ - ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025, застапувана од овластено лице Фатима Османовска од Скопје, за постапката при сумирање и утврдување на резултатите од гласањето за членови на Совет на Општината Шуто Оризари на избирачко место 2962, СЕ УВАЖУВА.

            Резултатите од спроведеното гласање за членови на Совет на Општината Шуто Оризари на избирачко место 2962 по кандидатски листи за избор на членови на Совет на Општината Шуто Оризари, СЕ ПОНИШТУВААТ.

Целосната одлука со образложение на истата ќе биде објавена на Судскиот портал, согласно рокот определен во Изборниот законик.

 

                                                                                                Претседател на Управен суд

                                                                                                          m-r Burim Sejdini

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_