СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Управниот суд ја известува јавноста дека по предметот УРП.бр.83/25, оформен по поднесена тужба од политичката партија Левица од Скопје, против Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025 година бр.01-4137/1 од 26.09.2025 година на Агенцијата за аудио и визуелни медиумски услуги, донесе Одлука:
Р Е Ш Е Н И Е
I
Тужбата на тужителот Политичка партија „Левица“ од Скопје, за поништување на Упатство за радиодифузерите за локалните избори 2025 година под бр.01-4137/1 од 26.09.2025 година, на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги – Скопје, СЕ ОТФРЛА.
II
Барањето на полномошникот на тужителот за надомест на трошоците во постапката, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.
Целосната одлука е во прилог на следниот ЛИНК истата ќе биде објавена и на Судскиот портал во модулот ОДЛУКИ.
Претседател на Управен суд
m-r Burim Sejdini