ЈАВЕН ОГЛАС БР.2/2021 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ЈАВЕН ОГЛАС БР.2/2021

Новости  |  14.12.2021
Објавување јавен оглас за вработување судски службеници

        

Република Северна  Македонија

              УПРАВЕН СУД

         СУ-04.бр.0401-379/21

            10.12.2021 година

               С к о п ј е

                                                                            

 

Предмет: Објавување јавен оглас за вработување судски службеници

                    во Управниот суд

    

            Во врска со вработувањето судски службеници во Управниот суд, Ве молиме да објавите јавен оглас со следната содржина:

 

            Врз основа на член 25 од Законот за судска служба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.43/2014, 33/2015, 98/2015 и 6/2016) во врска со член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ бр.198/18):

 

УПРАВНИОТ СУД

Објавува

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/2021

За вработување судски службеници на неопределено време, за следните работни места:

 

  1. Раководител на помошно-стручна правна служба - Категорија Б, Ниво Б2 – 1 (еден) извршител

Посебни услови:

-најмалку пет години работно искуство во струката по положен правосуден испит

- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систаматизација на работните места за соодветното работно место, согласно член 10 од Законот за судска служба  („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2014 и бр.198/18).

Нето плата ќе изнесува 37.328,00 денари

Работни часови неделно- 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок  

 

  1. Судски советник- Категорија В, Ниво В1 – 1 (еден) извршител

 

Посебни услови:

-стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правен факултет со положен правосуден испит со најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систаматизација на работните места за соодветното работно место, согласно член 11 од Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2014 и бр.198/18).

- Нето плата ќе изнесува 28.604,00 денари

- Работни часови неделно- 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок

 

           

  1. Виш судски соработник – Категорија В, Ниво В2 - 2 (два) извршители;

                        

Посебни услови:

-стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правен факултет со положен правосуден испит со најмалку 2 (две) година работно искуство во струката

- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систаматизација на работните места за соодветното работно место, согласно член 11 од Законот за судска служба  („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2014 и бр.198/18).

Нето плата ќе изнесува 26.595,00 денари

Работни часови неделно- 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок  

                                    

  1. Судски соработник – Категорија В, Ниво В3- 1 (еден) извршител;

                        

Посебни услови:

-стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правен факултет со положен правосуден испит со најмалку 1 (една) година работно искуство во струката

- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски) со соодветен степен на познавање согласно член 11 од Законот за судска служба  („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2014), што се докажува со сертификат.

 

Нето плата ќе изнесува 25.696,00 денари

Работни часови неделно- 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок  

 

  1. Помлад судски референт (извршител во писарница) – Категорија Г, Ниво Г4 - 1 (еден) извршител;

                        

Посебни услови:

-најмалку вишо или средно образование со или без работно искуство

- Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систаматизација на работните места за соодветното работно место, согласно член 12 од Законот за судска служба  („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2014 и бр.198/18).

- Нето платата ќе изнесува 16.020,00 денари

- Работни часови неделно- 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок

 

     6. Виш судски референт (дактилограф) – Категорија Г, Ниво Г2 - 1 (еден) извршител;

                        

Посебни услови:

-најмалку вишо или средно образование, со најмалку 2 (две) години работно искуство во струката

 - Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систаматизација на работните места за соодветното работно место, согласно член 12 од Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18 и 248/18).

Нето плата ќе изнесува 18.188,00 денари

Работни часови неделно- 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок  

           

     6. Судски референт (дактилограф) – Категорија Г, Ниво Г3 - 1 (еден) извршител

                        

Посебни услови:

-најмалку вишо или средно образование, со најмалку една година работно искуство во струката

 - Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и други посебни работни компетенции утврдени во актот за систаматизација на работните места за соодветното работно место, согласно член 12 од Законот за судска служба („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18 и 248/18).

Нето плата ќе изнесува 17.289,00 денари

Работни часови неделно- 40 часа; Работно време од 07,30 до 15,30; дневна пауза од 11,00 до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок  

                                            

 

Покрај наведените посебни услови, предвидени во Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Управен суд, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување, предвидени во член 21 став 1 од Законот за судска служба  („Службен весник на Република Македонија“ бр.43/2014 и бр.198/18) и тоа:

  • Да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • Активно да го користи македонскиот јазик,
  • Да е полнолетен,
  • Да има општа здравствена способност за работното место и
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност

 

Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на огласот. Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Кандидатите се должни да поднесат пријава за вработување (Образец) како и докази за исполнување на општите и посебните услови во оригинал или копија заверена на нотар, по пошта или преку архивата на судот.

Кандидатите се должни во пријавата задолжително да наведат име и презиме, матичен број, датум и место на раѓање, припадност на заедница, адреса и место на живеење, контакт адреса, електронска адреса, контакт телефон, работното место и бројот на оглас за кои кандидатот се пријавува.Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка.Ненавремени и неуредни молби нема да бидат предмет на разгледување.

Времето и датумот на одржувањето на административната селекција, испитот и интервјуто ќе се објават на интернет страницата на судот.

Кандидатите пријавата можат да ја поднесат во писмена форма преку приемното одделение на Управен суд или по пошта на адреса ул.Орце Николов ББ Скопје (со назнака за Јавен оглас за вработување бр.2/21).

 

                                                           

 

 

Управен суд

на Република Северна Македонија

 

 

Пријава за вработување на судски службеници

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_