СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Новости  |  05.4.2024
Средба со Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Средба со Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР

        Претседателот на Управниот суд m-r Burim Sejdini оствари работна средба со Набљудувачката мисија на изборите на ОБСЕ/ОДИХР предводена од Амбасадорката Џилиан Стирк, на ден 03.04.2024 година во просториите на Управниот суд.
        На средбата се разговараше за различните аспекти на изборниот процес, гледано низ призмата на управно судската постапка, како и за подготвеноста на Управниот суд да одговори на предизвиците поврзани со судските постапки заведени по тужби согласно Изборниот Законик.
        На работната средба, Претседателот на Управниот суд ја истакна заложбата на Судот за транспарентно и независно судство, па така по пат на ждрепка се формираа Совети за одлучување по тужбите во врска со распишаните избори за Претседател на РСМ и избори за пратеници во Собранието на РСМ, што воедно придонесува и за  намалување на ризиците при работењето на Судот во поглед на навремено одлучување по тужбите. Во таа насока со Амбасадорката се разговараше и за веќе правосилно завршените судски постапки пред Управниот суд, поднесени по тужби поврзани со повреда на изборните права.
        Двете страни ја нагласија потребата од понатамошна соработка заради зголемување на транспарентноста и отчетноста во работењето и довербата на јавноста во управното судство и изразија подготвеност да продолжат да работат заедно за унапредување на ефикасноста на судските постапки поврзани со изборниот процес.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_