СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 24.09.2025 година во 22:48 часот, судечкиот совет по предметот УРП.бр.79/25, оформен по тужба поднесена од Демократската партија на Ромите Скопје, преку полномошникот Зоран Пејчев адвокат од Скопје и Ирена Пејчева адвокат од Скопје, против Решение бр.11-30/2025 од 23.09.2025 година на Општинската изборна комисија Шуто Оризари, ја донесе и јавно ја објави следнатa одлука:
Во име на граѓаните на Република Северна Македонија, Претседателот на советот по советувањето и гласањето јавно ја соопшти Одлуката по тужбата со следната изрека:
I
П Р Е С У Д А
Тужбата на тужителот Демократска партија на Ромите Скопје, со овластено лице Миљазим Сакипов од Скопје, против Решението бр.11-30/2025 од 23.09.2025 година на тужениот орган Општинската изборна комисија Шуто Оризари, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.
Решението бр.11-30/2025 од 23.09.2025 година на тужениот орган Општинската изборна комисија Шуто Оризари, СЕ ПОТВРДУВА.
II
Р Е Ш Е Н И Е
Барањето на полномошникот на тужителот за надомест на трошоци во постапката во вкупен износ од 20.800, 00 денари, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.
Целосната одлука со образложение на истата ќе биде објавена на Судскиот портал, согласно рокот определен во Изборниот законик.
Претседател на Управен суд
m-r Burim Sejdini