СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 24.09.2025 година во 11:53 часот, по поднесена тужба од Демократската партија на Ромите Скопје, преку полномошникот Зоран Пејчев адвокат од Скопје и Ирена Пејчева адвокат од Скопје, против Решение бр.11-30/2025 од 23.09.2025 година на Општинската изборна комисија Шуто Оризари, оформен е предмет под референтен број УРП.бр.79/25.
Управниот суд ги презема сите процесни дејствија согласно закон, за да истиот биде решен во законски предвидениот рок.
Претседател на Управен суд
m-r Burim Sejdini