СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

News  |  Sep 25, 2025
Во рамките на проектот „Климатска и еколошка правда на Западен Балкан“ подржан од Француската Агенција за развој ( Agence Francaise de Developpement) и спроведен од Expertise France, на ден 18.09.2025 година во просториите на Управниот суд на Република Северна Македонија

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

 

Во рамките на проектот „Климатска и еколошка правда на Западен Балкан“ подржан од Француската Агенција за развој ( Agence Francaise de Developpement) и спроведен од Expertise France,  на ден 18.09.2025 година во просториите на Управниот суд на Република Северна Македонија се одржа работен состанок со цел унапредување на пристапот до правдата во областа на животната средина.

На состанокот присуствуваа Претседателот на Управен суд m-r Burim Sejdini, Судскиот администартор на Управен суд м-р Ивана Смугреска, Националниот правен експерт за еколошка правда во рамките на проектот Жарко Хаџи-Зафиров и Претставници на Expertise France, правните експерти Entela Pinguli (Раководител на тимот), Vincent Delbos (меѓународен експерт за правда) и Rachel Ganem (меѓународен експерт за правда).

На работниот состанок се разговараше за унапредување на институционалните капацитети, размена на искуства и добри практики, како и продлабочување на соработката меѓу експертите и Управниот суд во областа на еколошката правда, со цел идентификување на правните и институционални празнини, како и предлог препораки за подобрување на имплементацијата на законодавството за животна средина во Република Северна Македонија, со акцент на Законот за управните спорови и потребата од негова измена во делот на   воведување на посебна управно-судска постапка за заштита на правата поврзани со животната средина, како и во насока на проширување на предметот на управниот спор, со што управен спор би можело да се поведе не само против конечните поединечни управни акти, туки и против дејствија или пропуштања на дејствија на органите на управата кои директно или индиректно влијаат врз правото на здрава животна средина. На овој начин ќе се овозможи граѓаните да добијат ефективна и брза судска заштита, а уставната гаранција за здрава животна средина ќе добие реална  примена во правниот систем.

Овој работен состанок претставува воведна активност и претходи на планираната „Национална тркалезна маса за еколошка правда“ која ќе се одржи во Ноември 2025 година, а која ќе служи како платформа за дијалог меѓу клучните институционални чинители и претставници на граѓанското општество по прашањата поврзани со еколошката правда.

 

                                                                          Претседател на Управен суд

                                                                                      m-r Burim Sejdini

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_