СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
С О О П Ш Т Е Н И Е
По спроведување на постапката за “Јавна набавка за изработка на софтвер и имплементација за дигитално поврзување на Управниот суд со јавните органи и Вишиот управен суд“, на ден 24.10.2025 година во просториите на Управниот суд беше потпишан “Меморандум за соработка за тест период при имплементацијата на софтвер за дигитално поврзување помеѓу Управниот суд, Вишиот управен суд и јавните органи“ помеѓу Управниот суд претставуван од Претседателот на судот m-r Burim Sejdini и Државната комисија за жалби по јавни набавки, претставувана од Претседателот m-r Bujar Sulejmani.
Со склучување на овој Меморандум се воспоставува рамка за меѓусебна координација помеѓу страните потписници при тест периодот на имплементација на софтверот за дигитална размена на податоци и воспоставување на основите за тестирање и практична примена на техничкото решение, кое ќе овозможи брза и безбедна електронска комуникација при тест периодот.
Со потпишување на овој Меморандум, страните потписници прават значаен чекор поблиску до реализација на постапката за Јавната набавка, која е од суштинско значење за дигитализацијата на судсвото и е во согласност со точката 2.5. од Акцискиот план за спроведување на Развојната секторска стратегија за правосудство 2024-2028, насловена како „Зголемување на ефикасноста и ефективноста на управното судство.”, а ќе овозможи подобрување на ефикасноста и економичноста на управно судските постапки преку дигитална интеграција: унапредување на движењето на предметите во судовите, следење и поголема контрола на преземените процесни дејствија, поголема продуктивност на човечките ресурси, воспоставување на пребарливи бази на податоци со судски одлуки кои ќе придонесат за зајакнување и воедначување на судската пракса, воспоставување на ефективен систем за двонасочна комуникација-размнена на документи (е-достава) со сите учесници во судските постапки, посебно со јавните органи како една од странките во управниот спор.
Претседател на Управен Суд
m-r Burim Sejdini