Општи податоци [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Општи податоци

 

Врховниот суд на Република Северна Македонија е највисок суд во државата и го обезбедува единството во примената на законите од страна на судовите. Врховниот суд ја врши судската власт на целата територија на Републиката и има седиште во Скопје.

 Надлежност:

- решава во втор степен против одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон;

- решава во трет и последен степен по жалбите против одлуките на апелационите судови;

- решава по вонредни правни лекови против правосилните одлуки на судовите и одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон;

- решава за судир на надлежност меѓу основните судови од подрачјето на различни апелациони судови, судир на надлежност меѓу апелациони судови, судир на надлежност меѓу Управниот суд и друг суд, судир на надлежност меѓу Вишиот управен суд и друг суд и решава за пренесување на месна надлежност кај овие судови;

- одлучува по барање на странките и другите учесници во постапката за повреда на правото на судење во разумен рок, во постапка утврдена со закон пред судовите во Република Северна Македонија во согласност со правилата и принципите утврдени со Европската конвенција за човекови права и основни слободи и тргнувајќи од судската пракса на Европскиот суд за човекови права и

- врши други работи определени со закон.

Организација
Историјат
Програма за поддршка на медијацијата

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • Средба со Блупринт групата за реформа на правосудството

    Новости  | 14.5.2025
    ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, д-р Џемали Саити на 13 мај 2025 година, оствари средба со претставниците на неформалната мрежа Блупринт група за реформа на правосудството. [повеќе]
  • Студентите од Правниот факултет при Универзитетот ,,Гоце Делчев” Штип во посета на Врховниот суд

    Соопштенија за јавност  | 09.5.2025
    Група од 14 студенти од Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип заедно со вонредниот професор д-р Милица Шутова на 09 мај 2025 година остварија едукативна посета на Врховниот суд на Република Северна Македонија. [повеќе]
  • Посета на претставници на Секретаријатот на Партнерство за отворена власт

    Соопштенија за јавност  | 08.5.2025
    ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија д-р Џемали Саити на ден 07.05.2025 година оствари средба со претставници на Секретаријатот за ПОВ г-дин Пол Брејтвејт, регионален лидер за Европа, Сандра Пернар, виш регионален координатор за Европа-, Метју Трамонти, службеник за истражување -Независен механизам за известување и Гордана Гапиќ Димитровска, Национален координатор за ПОВ-Министерство за јавна администрација. На средбата присуствуваше и Жарко Хаџи -Зафиров, ко-претседател, претставник на граѓанските организации во Советот за отворено судство. [повеќе]

Сите вести