Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Расправа по иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Адвокатско друштво ЛАЗОВ БАДЕВА АДВОКАТИ Скопје, преку законски застапници Надица Бадева-Ќортошева и Дане Лазов, адвокати од Скопје.
2. Расправа по иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од адвокат Јосиф Филиповски од Скопје.
3. Расправа по иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесенa од претседателот на Основен суд Велес.
4. Расправа по иницијатива за утврдување начелен став, поднесена од адвокат Роберт Бачевски Синколи од Скопје.
По одржаната расправа, Општата седница:
По првата точка од дневниот ред утврди начелно правно мислење по иницијативата на Адвокатско друштво ЛАЗОВ БАДЕВА АДВОКАТИ Скопје, поднесена преку законски застапници Надица Бадева-Ќортошева и Дане Лазов, адвокати од Скопје.
По втората точка од дневниот ред донесе заклучок со кој иницијативата за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од адвокат Јосиф Филиповски од Скопје, не се усвојува.
По третата точка од дневниот ред, расправата ќе продолжи на следна седница.
По четвртата точка од дневниот ред донесе заклучок со кој иницијативата за утврдување начелен став, поднесена од адвокат Роберт Бачевски Синколи од Скопје, не се усвојува.