Учество на Годишната конференција на претседатели на Врховни судови од Централна и Источна Европа
			
			
			
				Вести
- Почетна
 - >
 - Вести
 
Учество на Годишната конференција на претседатели на Врховни судови од Централна и Источна Европа
  Соопштенија за јавност
 | 
  09.6.2025
  Делегација од Врховниот суд на Република Северна Македонија, составена од ВД Претседателот на Судот, д-р Џемали Саити и судијата д-р Мирјана Лазарова Трајковска,  присуствува на Годишната конференција на претседатели на Врховни судови од Централна и Источна Европа која се одржува на 09 и 10 јуни, 2025 година во Валона, Република Албанија. 
    
 
  
		Конференцијата организирана од страна на Врховниот суд на Република Албанија во соработка со CEELI Институтот, е еден од најзначајните судски настани во регионот и претставува форум за дискусија за важни прашања од областа на правосудството, владеењето на правото и судската независност.

Довербата на јавноста во судството, предизвиците пред кои се исправени Врховните судови во обезбедувањето на унифицирано толкување на законите и користењето на дигиталните алатки во служба на ефикасна правда, се дел од темите одбрани за дискусија и заедничка анализа на присутните претседатели на судови и судии од највисоките судови во регионот, со цел размена на најдобри практики и искуства.