ЈАВЕН ОГЛАС за избор на кандидати за судија на Република Северна Македонија во Европскиот суд за човекови права
Вести
- Почетна
- >
- Вести
ЈАВЕН ОГЛАС за избор на кандидати за судија на Република Северна Македонија во Европскиот суд за човекови права
ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на кандидати за судија на Република Северна Македонија во Европскиот суд за човекови права
Комисијата за избор на кандидати на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права ќе врши избор на тројца кандидати за судија на Република Северна Македонија во Европскиот суд за човекови права.
Kандидатите мора да ги исполнуваат минимум следните услови:
-
Да е државјанин на Република Северна Македонија;
-
Да уживаат висок морален углед;
-
Да ги исполнуваат условите неопходни за вршење на високи судски функцииили да бидат правни стручњаци со призната компетентност (минимум 12 годишно искуство во соодветната професија);
-
Да бидат помлади од 65 години;
-
Да имаат искуство во областа на човековите права;
-
Активно (ниво Ц) да го владеат едниот а пасивно (ниво А) другиот службен јазик на Совет на Европа (англиски и француски).
Со цел докажување на горенаведените услови, кандидатите се должни да ги достават следните документи:
-
Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
-
Соодветно пополнета биографија (curriculum vitae) чиј образец е објавен на веб-страните на Министерство за надворешни работи и надворешна трговија: www.mfa.gov.mk, Министерство за правда: www.pravda.gov.mk, Врховниот суд на Република Северна Македонија: http://www.vsrm.mk/wps/portal/vsrm/sud, Уставениот суд на Република Северна Македонија: www.ustavensud.mk, Судскиот совет на Република Северна Македонија: http://www.vsrm.mk/wps/portal/ssrm/sud , Совет на Јавни Обвинители на Република Северна Македонија: www.sjorm.gov.mk и Академија за судии и јавни обвинители: www.jpacademy.gov.mk, (кандидатите се должни да го пополнат образецот на македонски јазик и на еден од двата странски јазици - англиски или француски);
-
Мотивационо писмо на македонски јазик и на еден од двата странски јазици (англиски или француски);
-
Препораки од соодветни здруженија, комори и други стручни академски тела од соодветната струка на која професионално припаѓаат (во зависност дали се работи за кандидат со искуство како судија, јавен обвинител, адвокат, професор и сл.), а со што ќе се утврдува исполнетоста на условот „висок морален углед“;
-
Меѓународно признат сертификат за познавање на странски јазик издаден од официјален европски тестатор (англиски или француски) минимум ниво Ц за јазикот кој активно го владеат и сертификат на ниво А за јазикот кој пасивно го владеат.
-
Потврда дека против канидатот нема изречено правосилна пресуда, потврда дека против кандидатот не се води кривична постапка и потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност (не постари од 6 – шест месеци);
Рок за пријавување на заинтересираните кандидати: 30 дена од денот на објавувањето на овој Oглас во Службен весник на Република Северна Македонија.
Заинтересираните кандидати се должни да ги достават потребните документи во архивата на МИНИСТЕРСТВОТО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ и НАДВОРЕШНА ТРГОВИЈА, на следната адреса: Булевар “Филип Втори Македонски“ бр. 7, 1000 Скопје (со назнака „за оглас за избор кандидати за судија на Република Северна Македонија во Европскиот суд за човекови права“), или електронски, на следната електронска адреса: konkurs.ECHR@mfa.gov.mk.
По истекот на рокот за пријавување на заинтересираните кандидати, Комисијата за избор на кандидати на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права ќе изврши првична селекција. Ненавремените и нецелосните апликации нема да се земат во предвид. Само кандидатите кои што ќе ја поминат првичната селекција ќе бидат повикани на интервју.
Трите обрасци на CV (англиски, француски и македонски) можете да ги преземете на следниве линкови :