Соопштение за одржана работна средба на Врховниот суд и четирите апелациони судови [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за одржана работна средба на Врховниот суд и четирите апелациони судови

Новости  |  11.11.2025
Одржана работна средба на Врховниот суд и четирите апелациони судови

 

Врховниот суд на Република Северна Македонија, во соработка со Коалицијата „Сите за правично судење“ и поддршка од Европската Унија, одржа работна средба со претседатели и судии од четирите апелациони судови во државата: Битола, Гостивар, Скопје и Штип.

Средбата претставува дел од заедничките активности за унапредување на владеењето на правото, обезбедување на единството во примената на законите и зголемување на правната сигурност, преку редовна координација и размена на мислења меѓу судиите од различни инстанци.

На истата се разгледуваа актуелни прашања од граѓанската и кривичната област со цел постигнување усогласеност во примената на законите и толкувањето на клучните правни поими. Дискусиите опфатија теми поврзани со застареноста на побарувањата и извршувањата, регресните побарувања на осигурителните компании, правото на трошоци во постапките, валидноста на поднесоците потпишани со факсимил, правото на разлика до минимална плата на вработените во МВР, како и прашања од кривичната материја поврзани со прекршочните санкции, роковите на застареност и отповикувањето на условните осуди.

Во текот на средбата беше истакната потребата од воедначена примена на законите, особено во ситуации кога меѓу судовите постојат различни толкувања или недоволна јасност во законските одредби. За дел од правните прашања беа донесени заклучоци Врховниот суд на Република Северна Македонија да се произнесе со свој став по однос на истите.

Претседателот на Врховниот суд и претставникот на Коалицијата „Сите за правично судење“ истакнаа дека континуираната координација меѓу судовите од различни инстанци е суштинска за стабилен, предвидлив и транспарентен судски систем, кој овозможува еднаков пристап до правда за сите граѓани, како и дека ваквите средби придонесуваат не само за подобрување на судската пракса, туку и за зголемување на довербата на јавноста во судството, преку отворен дијалог, споделување на искуства и практична соработка меѓу судиите.

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_