Соопштение за одржување на седница на Оддел за граѓански дела [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Lajm

%%
%%

Соопштение за одржување на седница на Оддел за граѓански дела

News  |  Oct 7, 2025
Врховниот суд на Република Северна Македонија ќе одржи седница на Одделот за граѓански дела на ден 13.10.2025 година (понеделник), со почеток во 11,00 часот, со следниот предлог на

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

   

             1. Усвојување на Записник од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 24.09.2025 година;

           2. Разгледување и усвојување на Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за јули и август 2025 година;

          3. Продолжување со расправа заради воедначување на различна судска практика на советите на Врховниот суд на Република Северна Македонија, по правното прашање дали ревизијата на замешувачот треба да се отфрли како недозволена согласно член 380 од Законот за парничната постапка во случај кога странката на која и се придружил замешувачот не поднела ревизија, или предметот да се врати административно, да се повика странката да се изјасни дали го прифаќа поднесениот правен лек, па ако не се изјасни или изјави дека не го прифаќа, ревизијата да биде отфрлена;                     

          4. Разгледување на правни прашања доставени од граѓанскиот оддел на Апелациониот суд Битола, во врска со престојаната заедничка средба на Врховниот суд на Република Северна Македонија и четирите апелациони судови;

           5. Разгледување на правни прашања доставени од граѓанскиот оддел на Апелациониот суд Гостивар, во врска со престојаната заедничка средба на Врховниот суд на Република Северна Македонија и четирите апелациони судови;

          6. Разгледување на правни прашања доставени од граѓанскиот оддел на Апелациониот суд Скопје, во врска со престојаната заедничка средба на Врховниот суд на Република Северна Македонија и четирите апелациони судови;

         7. Разгледување на правни прашања доставени од граѓанскиот оддел на Апелациониот суд Штип, во врска со престојаната заедничка средба на Врховниот суд на Република Северна Македонија и четирите апелациони судови;

          8. Разно;       

   


Decision search

Court
Case number
Date
_